МакЛото7 МакЛото7 МакЛото7
  english  
преземања верзии екрани чпп
 

 
  Реклами
 
 

Конечно...
Првиот бесплатен софтвер за статистика на лото и генерирање на комбинации е достапен во Македонија.
Заборавете на вашите омилени броеви и истите комбинации кои ги играте цел живот. Искористете ја моќта на математиката и статистиката за да ја зголемите вашата успешност при играње лото.
Овој софтвер е резултат на двегодишно тестирање. Системите се тестирани врз претходните влечења и само оние со најдобри резултати се останати.

Зошто МакЛото7?
МакЛото7 е едноставна алатка која ќе ви помогне да изберете лото комбинации со поголеми шанси за добивка, врз основа на статистиката од претходните влечења.

Оваа алатка е специјално изработена да одговара на играта Лото 7/37 која во Република Македонија ја приредува Лотарија на Македонија.
Во изработката на оваа алатка земени се во предвид две теории:
  • Теорија на дедуктивна елиминација
  • Теорија на случајни абнормалности
Дедуктивна елиминација
Дедуктивната елиминација е основната алатка за избор на броеви за лото бидејќи го намалува бројот на броевите од кои ги генерираме комбинациите. Со елиминација на броевите со помала веројатност да бидат извлечени, ги зголемуваме шансите.

На пример, во Македонското Лото 7/37 броевите се од 1 до 37. Тоа значи дека веројатноста да се избере добитната комбинација е 1 во 10.295.472. Ако елиминираме само 10 броеви тогаш шансите ни се зголемуваат на 1 во 888.030. Со едноставна пресметка може да видиме дека со тоа сме си ги зголемиле шансите за 91,37%.
 
Случајни абнормалности
Според теоријата на веројатност, ако фрлиме паричка 100 пати, таа би требало 50 пати да излезе петка и 50 пати глава. Меѓутоа, не е така во реалноста. Некои парички повеќе пати ќе излезат петка, а некои повеќе ќе излезат глава.

Анализите во МакЛото7 ќе ви помогнат за да ги препознаете тие броеви кои не се покоруваат целосно на теоријата на веројатност.

Како?
МакЛото7 нуди повеќе анализи и начини на игра. Со тоа секој корисник може сам да си изврши споредба на различните начини на игра, да го избере најдобриот (според него) и секое коло МакЛото7 ќе генерира нови комбинации за игра.
МакЛото7 ги опфаќа сите влечења од 2004 година до денеска, што овозможува да се прават поопширни анализи.
Ако имате барем 20 мин. слободно време пред секое коло, значи може да го користите софтверот.
Софтверот е бесплатен. Слободно пробајте го.

Google

www
www.makloto7.com.mk
makloto7.com.mk
по целиот MK web
Струмица
 
Пријатели на МакЛото7
 
 

Последна промена: 06.12.2007 20:31
Joost™ the best of tv and the internet Visit My Internet Mosaic Text Link Ads
Checking Page Ranking Who links to my website? Text Link Ads Sell Ad Space
 
хостирано од digimak.com.mk